Во одличен меч, полн со ивонреден ритам, токму како што и ракометниот свет заслужува кога играат Германија и Шведска, сепак гостите славеа во “Лансес Арената“ во Келн со 34:31.
Со оваа победа досегашниот европски првак дојде до трофеј на ова ЕУРО 2024, дојде до бронзата, но што е поважно Шведска избори директен пласман на ОИ во Париз.
Германија е четврта, а и ќе мора да игра квалификации за пласман на ОИ.
Во првиот дел Швеѓаните доминираа, имаа постојано водство, а брилјираше Паличка со неверојатни 13 одбрани, само во овој период од играта.
Бодрени од околу 20.000 фанови Германците сепак не се предадоа и покрај тие 12:18 на полувремето, па така во продолжение од средбата одиграа фантастично, овој период го добија со 19:16, во финишот се приближија резултатски, но сепак на крајот мораа да му признаат на подобриот.
Да кажеме дека најефикасен кај Швеѓаните беше Клар со 8 голови, додека кај Германците добар беше Ушчинс исто со 8 голови.