Ракомет од некој друга планета. А во такво финале на ЕУРО 2024, Франција успеа да ја победи Данска со 33:31, во битка до истребување, во битка за паметење, во финале кое се играше и продолженија.
Историски меч кој долго ќе се раскажува и прераскажува.
Сепак на крајот мораше да има само еден победник, а тоа вечерва во големото супер-финале меѓу гигантите, тоа беше селекцијата на Франција.
о првото полувреме интересно до крајни граници, фантастичен беше Емил Нилсен на голот на Данска, но сепак на пауза се замина со тие 14:14. Имаше од се по нешто, но секако врвен ракомет на задоволство на сите во “Ланксес Арената“ во Келн и милионските ракометни фанови покрај ТВ екраните.
Второто полувреме Данска подобро го отвори, имаше +3 гола, Франција постојано го напаѓаше водство и дојде до тоа дури во 55.минута за 25:24 во своја корист.
Сепак Данска врати за 26:25, за 27:26. Дика Мем без гол, а Гидсел со 7 од 7. Во последната минута Данците влегоа со водство од еден разлика. Но сепак Франција израмни на 27:27 и мораше да се оди во продолженија.
А таму повторно драма во “Ланксес Арената“, но малку голови, 2:2 за Данска или севкупно 29:29.
Неверојатно финале. По првото полувреме 14:14, во регуларниот дел 27:27 и еве сега 29:29. Така е кога играат ракометни велемајстори.
Дика Мем блеска со два гола, токму кога е најпотребно за 31:29 за Франција. На крајот 33:31 за Франција, која сега не само што е олимписки туку и европски првак.
Уф, каков меч. Какво спектакуларно финале.