Пријателски: Шкупи ремизираше со Рух Хоржов, Тиквеш ја победи Дубочица!

398

Шкупи во Анталија во пријателски меч одигра 1:1 со силниот состав на Рух Хоржов од Полска. Чаирчани повеле во 38.минута, но сепак во продолжение од средбата тимот од Полска успеал да го избегне поразот.

Да потсетиме дека пред неколку дена тимот од Полска со 2:1 славеше против Брера Струмица.

Попладнево во Кавадарци екипата на Тиквеш ја победи Дубочица со голот на Тасев во 82.минута. Уште едно добро издание на момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов кој од ден на ден се обидуваат да ја достигнат вистинската форма во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ.

May be an image of 11 people, people playing football and people playing soccer

Претходно„Новак пред две недели беше GOAT, а сега влеговме во нова ера, смешно е“
СледноЧави Пасквал не е веќе селектор на Романија!