Андреа Белоти ја засили Фиорентина

218

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти по сезона и пол во Рома го смени клубот. Тој потпиша договор со Фиорентина, но ќе игра до крајот на сезоната како позајмен. „Виолетовите“ за позајмицата ќе платат 750,000 евра, а во договорот нема опција за откуп по завршување на сезоната што значи дека фудбалерот ќе се врати во Рома по последното коло во Серија А.
Белоти седум сезони го носеше дресот на Торино, пред тоа три на Палермо и три на Албинолефе. За Италија има 44 настапи и 12 голови.

ПретходноТФТ загуби и од Спартак, нивни шести пораз по ред во АБА 2
СледноСенси ќе игра за Лестер во Чемпионшип