Пелистер и МЗТ Скопје пред нови АБА2 предизвици

97

Два нови натпревари за македонските претставници во АБА2-лига. По драматичната завршница против Шибенка, Пелистер ќе бара нова победа против Хелиос Домжале. Битолчани имаат шанса да направат голем чекор напред кон првите осум екипи. За противник имаат тим кој ист скор 3 победи и пет порази, а цел плен од овој меч ќе значи искачување на деветото место на табелата. Дуелот е прв на денешната програма во Нови Сад со почеток во 15 часот.

МЗТ Скопје по победата над Шечур ќе се сретне со Шибенка, тимот против кого славеше токму Пелистер по продолжение. Актуелниот македонски првак влегува како апсолутен фаворит на оваа пресметка, бидејќи има четири победи повеќе и се наоќа на шестото место на табелата за разлика од својот противник кој е последен. МЗТ Скопје со победа ќе се искачи едно место погоре, поточно ќе застане на петтото место на табелата. Мечот е закажан во 18 часот.

ПретходноАнчелоти краток и јасен: Модриќ беше совршен
СледноБум: Лејкерси спремаат чистка?! Леброн ќе го трејдуваат, а не сметаат ни на Дејвис!