Фуриозната Брегалница ја растури Дубочица!

1595

Попладнево во Штип во пријателски напревар, екипата на Брегалница со 5:1 просто ја растури, ја декласира Дубочица, тим од Србија. Имаа фановите на “сините“ што да видат од одличната претстава на тимот на стратегот Горан Здравков. Убава и квалитетна игра и пред убедлива победа.

Стрелци на головите за Брегалница беа Андерсон, Робакидзе и Селмани со својот деби гол од пенал за 3:0 по првото полувреме. Следуваа головите на Канформ и Ѓорѓиев за 5:0, во самиот финиш гостите од Србија колку толку го ублажија поразот.

ПретходноГООООООЛ…Миовски го “тресна“ славниот Селтик! (ВИДЕО)
СледноДрама на “Гудисон“: Тотенхем во 90+4.минута испушти победа! (ВИДЕО)