Чудесен настап на Даниел Јул во Шамони – беше 30-ти по првата трка и на крајот победи

168

Денеска во француски Шамони на програмата беше слаломската трка кај мажите во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарскиот скијач Даниел Јул испиша историја како најголем скок во втората рунда, од 30-место по првото возење до победа во второто. Сонародникот Лоик Мелард се спремаше да се искачи на највисокото скалило на подиумот, кога Јул извозе перфектно и успеа да собере доволно поени за да избие пред него. Мелард заврши втор, а трет Клемен Ноел од Франција кој патем беше најдобар во првата трка.

 

ПретходноНово разочарување за Лука Модриќ
СледноДимитријевиќ и УНИКС со фантастичен настап до победа над ЦСКА во Москва!