Бекам и Интер Мајами исвиркани во Хонг Конг, навивачите си ги бараа парите назад!

511

Едвај го чекаа мечот и на крајот останаа разочарани. Долго се најавуваше спектакл помеѓу тимот составен од најдобрите играчи во фудбалската лига на Хонг Конг и американскиот Интер Мајами. Се разбира навивачите очекуваа настап на Лионел Меси, а тој не заигра туку остана на клупата.

Првиот човек на Интер, Дејвид Бекам излезе на теренот го зема микрофонот и додека зборуваше беше исвиркан од 40000 навивачи на трибините кои патем бараа да им бидат вратени парите платени за влезници и прашуваа каде е Меси?

Интер победи со 4:1, а по мечот навивачите продолжија со свирежи и разочарани го напуштија стадионот поради тоа што не го видоа Меси на теренот.
Интер Мајами се сели во Токио каде што ќе одигра пријателски меч со Кобе.

Претходно Интер играше со Ал Наср на Кристијано Роналдо. Меси се појави во второто полувреме на теренот додека Роналдо не играше поради повреда.

ПретходноНаполи со пресврт ја победи Верона
СледноХамилтон проговори за прв пат по преселбата во Ферари: Мојот сон се оствари!