Водечката во спуст доживеа тешка повреда, оди на операција

387

Италијанската скијачка ѕвезда Софија Гоџа ја скрши ногата и скочниот зглоб во несреќа на тренинг денеска, соопшти италијанската агенција АНСА.

Гоџа (31) се здоби со фрактура на тибијата и малеолусот при пад за време на тренинг во Понтедилењо.

Олимписката шампионка во спуст од 2018 година и четирикратна победничка на Светскиот куп сега мора да биде подложена на дополнителни прегледи за понатамошнен третман на повредата, соопштија медицински извори од Италијанската скијачка федерација (ФИСИ).

Се очекува таа да биде оперирана доцна вечерва.

Гоџа моментално е на врвот во Светскиот куп за жени во спуст оваа сезона со 350 поени по пет од девет трки.

ПретходноРистевски и Тричковски во гол форма
СледноБелгиски одбојкарски репрезентативец доживеал срцев удар на натпревар