Лос Анџелес Клиперс синоќа ја победи Атланта со 149:144 и ја прекина серијата од четири победи во НБА лигата која ја имаше тиот на Хоукс. Кавај Ленард ги предводеше Клиперси со 36 поени, од кои 11 поени постигна во четвртата четвртина, додека Џејмс Харден постигна 30 поени со 10 асистенции. Пол Џорџ додаде 18 поени, а Расел Вестбрук, Норман Пауел и Амир Кофи постигнаа по 13 поени.
Кошаркарите на Њу Орлеанс го победија Торонто со 138:100 и му го нанесоа осмиот пораз во последните девет натпревари. Брендон Инграм ги предводеше Пеликанс со 41 поен, девет асистенции и шест скока. Тој имаше и 8 од 11 тројки, а во последните три минути од третата четвртина постигна пет последователни тројки.
Тој стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 40 поени и најмалку осум тројки, додека шутирал со 75 отсто на еден натпревар без ниту една загубена топка.
Кошаркарите на Далас ја победија Филаделфија со 118:102 и ја прекинаа серијата од два порази. Кајри Ирвинг се врати во тимот и го предводеше Далас со 23 поени, осум асистенции и пет скока. Џош Грин додаде 20 поени, шест скока и четири асистенции, а Лука Дончиќ имаше 19 поени и 8 скока..
Во другите натпревари, Голден Стејт го победи Бруклин со 109:98 со 29 поени на Стивен Кари, Лос Анџелес Лејкерс го победи Шарлот со 124:118, додека Кливленд го победи Сакраменто со 136:110.