Жарко Паспаљ итно oпериран

865

Поранешниот славен кошаркар Жарко Паспаљ завршил во болница на итна операција. Тој требало да присуствува на церемонија на доделување на награди, но не се појавил затоа што му се влошила здравствената состојба.
Тој морал да биде хоспитализиран во кардиолошката клиника во Белград и во саботата имал операција на срцето. Од таму соопштија дека не е во опасност и поради претпазливост останува на интензивна нега.
Паспаљ кариерата ја почнал во Будуќност, играл за Партизан, беше еден од првите Европејци кои заиграл во НБА потпишувајќи со Сан Антонио. Играше за Олимпијакос, Панатинаикос, Паониониос и Арис, а кариерата ја заврши во Виртус.

ПретходноСообраќајна несреќа на автобусот со играчите на Реал Мадрид во Германија
СледноЈувентус изгуби од Удинезе на домашен терен – во Милано тријат раце!