Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди спонзорство за Кикбокс Маитаи. Поддршката ќе и овозможи на федерацијата да ги реализира програмските активности за настапи во 2024 година.
Видеолотарија Касинос Австрија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, донесе одлука за спонзорство на Кикбокс Маитаи. Средствата од спонзорството, ќе и овозможат на федерацијата да ги реализира програмските активности за настапи во 2024 година.
„И благодариме на општествено одговорната компанија Државна видеолотарија на Македонија за поддршката за нашата федерација. Овие средства ќе ни овозможат тековна реализација на спортските натпревари и можност за непречено функционирање на федерацијата. Плод на нашата соработка е Националното кикбокс првенство кое се одржа на 11.02.24 во СЦ Јане Сандански во Скопје. Станува збор за најмасовнито кикбокс првенство на национално ниво во историјата на постоењето на кикбоксот во Македонија. На ова првенство учествуваа повеќе од 420 кикбокс натпреварувачи од 26 македонски кикбокс клубови“, изјави претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.
Федерацијата очекува и други настани, ветувајќи успеси и во иднина. Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.