Аврамовски со нов гол за победа на Болуспор во дуелот со Лука Станковски (ВИДЕО)

271

Дание Аврамовски со својот трет гол сезонава во дресот на Болуспор обезбеди победа за својот тим на гостувањето кај Тузласпор во мак-дербито на Втората лига во Турција. Болуспор на популарниот Џујо славеше со 2:1 против Тузласпор која е нов клуб на нашиот млад напаѓач Лука Станковски.

И двајцата наши интернационалци почнаа како стартери за своите екипи, со тоа што Аврамовски уште во 10. минута успеа да погоди во противничкиот гол и да донесе водство за својот тим од 0:1. Станковски остана во игра во дресот на Тузласпор до 67. минута кога беше заменет.

За Болуспор ова беше 10-та сезонска победа со која се проби до 6. место на табелата. Тузласпор по поразот денеска е 15-та, во зоната за испаѓање.

ПретходноПросинечки: Можно е да се вратам во Ц. Звезда!
СледноСопругата на Меси во провокативно издание: И Антонела има што да покаже! (ФОТО)