Заврши првото полувреме од првиот меч од пролетниот дел во ПМФЛ меѓу Гостивар и Вардар и тоа со резултат 0:0. Значи мрежите мируваат, се одиграа не којзнае колку квалитетни први 45 минути.
Да кажеме дека Вардар во 8.минута преку Ѓуриќ постигна гол, но судиите на чело со Александар Ставрев го поништија поради офсајд.
Гостиварци во 20.минута имаa добра шанса за водство, но Ајдини шутираше за малку непрецизно покрај десниот дирек на Гачевски. Пет минути подоцна домашните имаа уште поубава шанса, Атиемвен беше сам пред голманот на Вардар, но неговиот шут заврши сега покрај левиот дирек.
Гостите од Скопје во 33.минута имаа полушанса, Алтипармаковски биеше од свртување, но сепак недоволно прецизно да се загрози голот на Ерсу.
Атиемвен во 42.минута изведе опасен слободен удар, беше опасно но Гачевски спасува и ја одбива во корнер. По центаршутот Атиемвен повторно беше во шанса. Но нема па нема гол.