Во своето деби на клупата на Вардар во еден официјален меч, Горазд Михаилов успеа, заедно со своите избраници, да дојде до реми кај фаворизираниот тим на Гостивар.
Гостите од Скопје имаа шанса и за нешто повеќе, па и за победа, но сепак Михаилов е задоволен и од ова реми.
Тој за “СпортСпорт“ изјави:
„Искрено пред мечот некој да ни понудеше реми со двете раце ќе го прифатевме. Овака сега можам да кажам дека освоивме апсолутно заслужен бод, можевме и повеќе, но се знае што за нас во оваа ситуација значи секој бод. Честитки за играчите за нивната храбра и пожртвувана игра. Ова ќе биде добро и за нашата самодоверба. Одиме натаму, целта е јасна, а таа е изборување на опстанокот“ потенцираше Михаилов.