Суперѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе се врати на теренот по повредата на зглобот што ја заработи против Џирона на 10 февруари.
Повредата се покажа како доста сериозна и првично клубот објави дека Англичанецот ќе паузира неколку недели.
Тој ги пропушти последните два натпревари на Реал и нема да игра против Севиља овој викенд, но според „Марка“ би требало да биде на располагање за дуелот со Валенсија на 2 март на крајот на следната недела.
Пред тоа, Реал очекува тој да продолжи со вообичаените тренинзи и да биде во оптимална состојба за реваншот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите на 6 март.