Македонската кошаркарска репрезентација на првиот квалификациски меч против Естонија за пласман на ЕП 2025 година запиша пораз на домашен терен беше совладана со 69-74 и направи чекор назад кон остварување на европскиот сон.
Голема штета, бидејќи во салата „Кале беше вистински празник на кошарката, трибините беа исполнети до последното место. И на оваа средба видовме дека Македонија не може да игра еднакво добро без Ненад Димитријевиќ, а по ново и без Итан Хап. Кога двајцата не беа на теренот, сликата беше поинаква. Војдан Стојановски помогна колку што можеше, а кратките блесоци на останатите не се доволни.
Димитријевиќ постигна 25 поени, Хап 18 поени, додека Ѓуроски 10.
Нашите кошаркари го завршија со 43-36, пред се благодарение на одличниот Ненад Димитријевиќ и на Итан Хап, но и добрите моменти на Стојан Ѓуроски. Имавме периоди во кој блескавме, но и паѓавме. Со серија од 8-0, „црвено-жолтите“ поведоа на стартот со 16-10. Следеше одговор на другата страна за 16-19, но Хап донесе 20-19 по првата четвртина.
Не бевме константни и без реализација во нападот. Среќа што и Естонија беше на ниво на задачата, успеа само да дојде на 25-24. Димитријевиќ со тројка зголеми на 28-24, а потоа Ѓуроски на 31-26. Гостите се вратија на 33-32 давајќи до знаење дека нема лесно да се откажат. Ѓуроски погоди нова важна тројка, Нено со два плус ден зголеми на плус девет (41-32) на нецела минута до крајот. На полувремето Македонија замина со 43-36.
На стартот на третата четвртина Естонија ја стопи нашата предност, со серија 9-0 поведе со 43-45. На другата страна Македонија беше без постигнат поен. Јончевски повика тајм-аут, Димитријевиќ одговори со шест поени во низа за 49-45 25. минута. Естонија израмни на 49-49, а нешто подоцна откако излезе Нено, а потоа и Хап, гостите направија серија од 8-0 и поведоа со 53-57. Ова беше резултатот пред стартот на последната четвртина.
Ефремовски со тројка намали на 56-57, ова беа единствените поени до 33. минута, кога Естонците зголемија на 56-59. Токму во овие минути, Македонија остана без Ненад Димитријевиќ, кој остана да лежи на теренот.
Ова беше веќе голем проблем за нас. Естонија во меѓувреме зголеми на 56-60, Војдан доближи на 58-60. Гостите со тројка поведоа со 58-63, резултат кој не значеше ништо, се водеше битка на теренот.
На 3:20 до крајот на теренот се врати Нено, но Естонците влегоа во подобар ритам. Со пет поени во низа на 1:42 до крајот станаа првата екипа која на мечот поведе со двоцифрена разлика 62-72. Оваа предност се покажа како доволна иако нашите кошаркари вратија со серија од 7-0 за 69-72 на девет секунди до крајот, недоволни за било што.
Нашите момци веќе во понеделник и гостуваат на Полска, времето за подготовка е кратко, но мора да се соберат и да се обидат да дојдат до првата радост.