Баерн врза три порази и сега е на -11 од лидерот Баер Леверкузен, а му претстои дуел со РБ Лајпциг. „Баварците“ не играат добро, а тренерот Томас Тухел постојано е под притисок. Јасно е дека Тухел ќе остане до крајот на сезоната, а потоа си заминува.
„Не е важно дали ја разбирам одлуката на клубот или не, како и дали сум среќен поради неа или не. Не мислам дека јас сум единствениот проблем, но како тренер ја превземам целата одговорност. Подолго време не сум задоволен од начинот на кој игра тимот. И ќе повторам, не сум само јас проблем“, изјави Тухел.
Баерн е во серијата од три последователни порази, во Леверкузен (3:0), во Рим од Лацио (1:0) и во Бохум (3:2).