Кошаркарската репрезентација на Полска за утрешниот дуел со Македонија ќе биде без Матеуш Понитка. Тој мора да се врати во белградски Партизан, затоа што тренерот на белградските „црно-бели“ не се согласил тој да остане во национаниот тим и за вториот натпревар против Македонија.
Веста ја потврди селекторот на Полска, Игор Миличиќ. Во четвртокот, Полјаците загубија во Вилнус од Литванија, ослабени поради неколку ѕвезди во тимот. Утрешниот дуел со Македонија се игра од 18 часот.