По 12 години на патеките: Легендарната Норвежанка оди во пензија

106

Норвешката скијачка Рагнхилд Мовинкел објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.

„Оваа одлука ја донесов пред трката во Кортина Д’Ампецо, односно пред да победам таму“, изјави 31-годишната Мовинкел во емотивното видео објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

Мовинкел досега победи на четири трки од Светскиот куп, последната на спустот во Кортина д’Ампецо на крајот на јануари. Таа исто така освои две сребрени олимписки медали на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг (спуст, велеслалом), а има и две бронзени медали од светските првенства (2019 година во Аре во комбинација и 2023 година во Мерибел во велеслалом).

Норвежанката ги опиша своите 12 години во Светскиот куп како уникатна авантура, а нејзината последна трка во кариерата ќе биде на крајот од сезоната во Залбах.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Audi FIS Ski World Cup (@fisalpine)

ПретходноДе Бруин не сака да игра во Саудиска Арабија: Ако си оди од Сити ќе оди во МЛС
СледноСари ја искритикува трансферната политика на Лацио