Македонските ракометарки го поправија впечатокот, но повторно загубија од Шпанија!

1655

Македонската женска ракометна репрезентација и на втората средба против Шпанија беше поразена, овој пат на гостински терен со 24-20 во меч од четвртото коло во квалификациите за ЕП 2024 година. И покрај ова, „црвено-жолтите“ останаа на второто место на табелата со четири бода, два повеќе од третопласираната Литванија и последнопласираниот состав на Азербејџан.

Македонија пласманот на ЕП 2024 година ќе го бара на последните два меча, против Азербејџан на гости и Литванија на домашен терен, селекции кои веќе еднаш ги совлада.

Кипријановска и Маџовска имаа по три гола, додека Коларовска, Гичевска и Ристовска по два погодоци.

Добро прво полувреме за нашите ракометарки, отворија со 1-3. Шпанија со три гола во низа поведе со 4-3, дојде и на плус два (7-5) по кои со головите на Сара Ристовска и Гичевска, Македонија на момент поведе со 7-8 во 17 минута. Домашната селекција успеа да се избори за еден гол позитива на одморот (10-9).

Ристовска на стартот на второто полувреме израмни на 10-10. Македонија дојде на 12-11, но од овој момент застана, на другата страна противникот со три гола во низа поведе со 16-11 во 44 минута. Во меѓувреме Кристијан Грчевски повика тајм-аут. Сепак, Шпанија влезе во ритам, и не им дозволи на нашите девојки да приредат пресврт, поведе со плус седум на стартот на 50. минута, до крај рутински го приведе дуелот во своја корист.

ПретходноЛисиче на нозе: Еуромилк ја победи Шкендија Арачиново во дербито!
СледноЧудесна Болоња: Тимот на Тиаго Мота има шест од шест, триумф и над Аталанта! (ВИДЕО)