0
Машката ракометна репрезентација на Македонија до 19 години денеска и утре ќе одигра контролни натпревари против на селекцијата на Италија.
Во подготвителниот период пред настапот на ЕХФ шампионатот до У19 години репрезентацијата ќе одигра и два дополнителни контролни натпревари против Црна Гора.
Лазаров на располагање има 20 ракометари, отпаднаа тројца ракометари. Поради повреда нема да настапи Олег Јорданов, а од списокот отпаднаа и десниот бек Симон Мирчевски и десното крило Александар Петковски.
ЕХФ шампионатот ќе се одржи во Скопје од 9. до 15. август, Македонија е дел од групата А заедно со репрезентациите на Грција и Полска.