Екипата на Прилеп и официјално потврди дека од 31 август до 2 септември во истоимениот град ќе се одржи меморијален турнир во чест на прерано починатата прилепска ракометна легенда Миле Нешкоски.
Освен домаќинот Прилеп на овогодинешното издание уште ќе настапат екипите на Тиквеш, Голден Арт, Струга, Еурофарм Пелистер 2 како и екипата на Дубочица Лесковац која доаѓа од соседна Србија.
Ова е шести меморијален турнир во чест на Нешкоски кој лани поради пандемија со Ковид-19 не беше во можност истиот да се организира.