И дефинитивно Шкендија ќе мора до крајот на сезоната без Стефан Коцев, одличниот стопер кој во јануари дојде во Тетово. Тој се повреди, а по неколку дена врз него беше извршена и операција на тетивата на левата нога. Ова значи дека ќе биде во аут најмалку два – три месеци. Ова е и добро зошто на почетокот на деталните прегледи се мислеше дека станува збор за некоја поопасна повреда која Коцев ќе го одалечеше 8-9 месеци од фудбалските терени.
Секако дека стоперот на Шкендија од болничкиот кревет најави дека има намера да се врати уште посилен.