Викендов на програмата се шесте мечеви од 24.коло во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата ова коло. Па така честа да го суди дербито на Маџари каде играат Вардар и Шкендија, ја доби Димитар Пилешков од Штип. Струга ТЛ му гостува на Работнички на Арената во Скопј. Само овој меч се игра во недела, додека сите останати се играат утре, а на оваа средба главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 24.КОЛО – САБОТА (15 Ч)
Силекс – Брера: Александар Ставрев (Скопје)
Македонија ЃП – Тиквеш: Крунислав Ѓорѓиев (Штип)
Брегалница – Гостивар: Марјан Младеновски (Скопје)
Вардар – Шкендија: Димитар Пилешков (Штип)
Воска – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
НЕДЕЛА (15 Ч)
Работнички – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)