Како што известуваат од раководството на Голден Арт, ракометниот прволигаш се засили со три нови имиња. Тоа се Марио Миланов, Есад Дрпљанин и Даниел Ацев. Тројцата млади ракометари се некогашни членови на екипата на Шампион.
Тие ќе имаат шанса во новиот клуб и тоа под водство на тренерот Никола Матлиески, да го искажат и докажат свиот свој потенцијал.
Иаку Миланов игра на позицијата среден бек, Дрпљанин е лево крило а Ацев голман.