Струмица рутински го потврди местото во финалето на Купот на Македонија

140

Без поголеми изненадувања, одбојкарите на актуелниот бранител на двојната круна, екипата на Струмица го потврдија местото во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија. Вечерва во Штип вовториот полуфинален меч, Струмица со максимален резултат го совлада тимот на Лирија и обезбеди место во неделното финале.

СТРУМИЦА – ЛИРИЈА 3:0 (25:20, 25:14, 25:16)

Како и во првото полуфинале денеска, така и на овој втор полуфинален дуел возбудувања имаше само во првиот сет. Лирија тука успеа да му пружи најсилен отпор на шампионот и да дојде до освојување на 20 поени.

Вториот и третиотс ет струмичани ги добија со убедлив резултат и само потврдија дека како голем фаворит влегуваат и во финалниот меч со Штип УДГ.

Утре на програмата се полуфиналните средби во женскиот Куп на ОФМ.

ПретходноТопурија во Грузија собира ордени и признанија, како херој дочекан и од Квича и другарите (ФОТО)
СледноПо 70 години: Германија се откажа од Адидас и ќе игра во дресови на Најк