Екипата на Феникс славеше во дуелот со ТФТ како гостин со 82-80 во меч од првата кошаркарска лига. Во текот на целиот меч Феникс имаше предност, но во финишот ТФТ успеа да се доближи на два поени и да има напад за победа, но прво промаши шут за два и шут за три, па така останаа без бодовите.
Најефикасен на мечот беше Луис од ТФТ со 24 поени, кај Феникс најмногу поени постигна Џонс 17.
Феникс го заврши регуларниот дел со 12 победи, а и двата тима влегуваат во плеј-офот.
А Чаир го победи Охрид со 98-74 и се пласира на четвртата позиција во регуларниот дел во Првата лига. За чаирчани ова е историски успех, а досега имаат скор од 15 победи и 7 порази.
Охрид во продолжение на сезоната ќе се бори за опстанок заедно со Кожув, ФМП и Вардар.