Шкупи денеска загуби на гостувањето во Штип кај Брегалница со 1-0, и направи чекор назад во битката за титулата па од тука клубот им се извини на своите навивачи за овој кикс.
Добро за нив е што загуби и Струга ТЛ од Вардар, а Шкендија одигра само нерешено, па чаирскиот тим и натаму е во трката за титулата.
„Им се извинуваме на сите навивачи и поддржувачи на Шкупи за денешниот пораз. Вината за овој пораз е наша, стручниот штаб, играчите, и на секој од нас. Се извинуваме што не ви дадовме да уживате во победа пред нашиот голем празник Бајрам“, стои во соопштението на чаирскиот тим.