Втора лига: МКК Куманово без пораз до плеј-офот!

88

МКК куманово успеа во намерата првиот дел, регуларниот од сезоната во Втората лига го заврши со максимален ефект, ги доби сите 20 натпревари. Овој тим е предводен од најуспешниот македонски селектор, Марин Докузовски, во кого во овој град гледаат единствено решение за враќање на кошарката на старите патеки.

Последниот требаше да биде дерби, затоа што на теренот во салата „Перо Наков“ играа прво и второпласираната екипа на табеата во оваа конкуренција. Но од тоа немаше ама баш ништо, затоа што кумановци издоминираа уште еднаш, и стигнаа до повеќе од убедлива победа (105:71).

Кај МКК Куманово, Стојановски даде 23.поени, Јанески имаше 16, а Димитриевски уште 13.поени, додека кај гостите од Скопје, Џеладини постигна 16.поени, Тачи беше стрелец на 11 поени, исто толку имаше и Димитровски.

Во четвртфиналето МКК Куманово ќе се сретне со Мега Баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО

МКК Куманово – Шкупи 105:71

Ангели – Маџари  77:65

Водно Санс – Соколи 1933       90:101

Борец баскет – Тетекс ТТК         83:62

Работнички – Мега баскет     71:73

МЗТ Скопје Уни Банка – слободен

ТАБЕЛАМКК Куманово 40, Шкупи 36, Маџари 35, Ангели 33, МЗТ Скопје Уни Банка 31, Соколи 1933 29, Борец баскет 28, Мега Баскет 27, Водно Санс 26, Работнички 2018 23, Тетекс ТТК 22;

ДВОЈКИ – ДОИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МКК Куманово – Мега баскет

Шкупи – Борец баскет

Маџари – Соколи 1933

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

*Сериите во доигрувањето, се играат според системот „подобар во три натпревари“

Претходно“Гордоста на градот“: Вардар доби нова песна и спот! (ВИДЕО)
СледноСити знае што прави: Родри добива нов договор вреден 350.000 евра неделно!