Од Битола тврдат дека биле физички нападнати нивните навивачи

6566

Вардар го совлада Пелистер во дебито на ракометната Суперлига, а иако немаше гостински навивачи на трибините, сепак, имало нереди, барем така тврдат од навивачката група „Чкембари“. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ БИТОЛЧАНИ ВО ,,ЈАНЕ САНДАСКИ” !
ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕСЕТИЦИ ДРУГИ !
На денешниот натпревар меѓу В. 1961 и Е. ПЕЛИСТЕР, на трибините иако без гостински навивачи, дојде до немили сцени.

Имено, битолчани кои живеат и студираат во Скопје и се решиле БЕЗ НИКАКВИ ОБЕЛЕЖЈА и провокации да го следат натпреварот, беа ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ од навивачи на домашната екипа. Најпрво, без никаква основа им било побарано лични карти, за потоа да бидат и ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ. Во тој дел на трибината седеле неколку десетици битолчани кои како студенти, кои фамилијарно го следеле натпреварот и НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ била целосно ЗАГРОЗЕНА. Меѓу тие битолчани кои уште еднаш напоменуваме биле БЕЗ НИКАКВИ КЛУБСКИ ИЛИ НАВИВАЧКИ ОБЕЛЕЖЈА биле и жени, деца, но и пензионери. СИТЕ ТИЕ БИЛЕ ЗАГРОЗЕНИ ПО НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ !

Случајот влегов и во записникот на СВР Скопје, по што едно лице е приведено, додека останатите три лица успеале да се извлечат.

ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ МЕДИУМИ, РФМ, МВР, РАКОМЕТНИОТ КЛУБ Е. ПЕЛИСТЕР ДА РЕАГИРААТ СООДВЕТНО И СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ОВИЕ НЕМИЛИ СЦЕНИ ДА СЕ КАЗНАТ, КАКО И ДОМАШНАТА ЕКИПА ПОРАДИ СЛАБА ОРГАНИЗАЦИЈА !
А, БИТОЛА? СЕ ГЛЕДАМЕ НАСКОРО !“

ПретходноКафу: Требаше да одам во Јапонија, а завршив во Милан
СледноАлкалоид лесно во скопската пресметка со Пролет