Време е Аеродром да се разбуди: МЗТ Скопје го пишува патот во плеј-офот, Широки мора да падне!

120

Актуелниот македонски првак вечерва (20 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ја почнува битката за кам-бек во АБА-лига. МЗТ Скопје е домаќин на првата четвртфинална пресметка, за противник го има тимот на Широки.

Станува збор за тим, кој му е добро познат на македонскиот првак. На последната средба која не беше толку одамна, Широки во последниот меч од регуларниот дел во АБА2-лига славепе со 82-79. Ова беше натпревар на кој „сино-белите“ почнаа слабо, успеаја да се вратат од голема негатива, но не и да се изборат за продолжение, а потоа и победа.

Историјата на пресметки е долга, покрај АБА2-лига, двата тима имаат играно еден против друг и во АБА-лига.

Плејофот се игра во две средби на вкупен кош-количник, поради што е исклучително важно за МЗТ Скопје не само да дојде до победа туку и таа да биде изразена со што е можно поголема разлика.

Раководството на клубот одлучи влезот за натпреварот да биде слободен, па од таборот на „сино-белите“ се надеваат на максимална поддршка од трибините.

ПретходноЛука Дончиќ собори рекорд на Далас стар повеќе од 40 години
СледноПеп го “пецна“ Перез: Флорентино, што е со тревата?!