Утре (13.12.2024) на спортскиот комплекс на “Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 10 часот ќе се одржи за првпат во Македонија, турнир во шутбал. Па така ова ќе биде и своевидна промоција на овој спорт, кој на наликува на фудбал, само учесниците не смеат да трчаат туку само да одат.
Во шутбалот забрането е трчањето, има специфични правила, а сетоа тоа утре ќе биде објаснето. Почетниот удар, односно самата промоција на овој спорт ќе биде извршена од страна на нашата фудбалска легенда Васил Рингов.