Швајцарија со нова лекција за Симиќ и кошаркарите до 20 години

369

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години не успеа да го добие дуелот за утешителното 3. место на ФИБА „Челенџерот“, беше совладана од Швајцарија со 71-53.

Избраниците на селекторот, Тони Симиќ имаа сили само за едно полувреме (29-29), по што им се случи потоп. Противникот третиот период го доби со 23-14. На другата страна нашата репрезентација немаше одговор, тонеше од минута во минута.

Ова е втор пораз од истата селекција на овој шампионат, а оваа генерација ќе мора да се води многу подобро, оти дел од овие момци треба да бидат во првиот национален тим, штета што не се искористија добро силите со кои располагаме.

Љубиша Димитриовски со 22 поени беше нашиот најефикасен поединец и единствен кошаркар кој имаше двоцифрена бројка.

ПретходноИџе поради скината гума не ја заврши втората трка на Имола
СледноПопович: Не гледам причина зошто ова би било изненадување