ПМФЛ: Вардар во атак на нови бодови, Воска мора да падне!

396

Попладнево од 16 часот, во меч од 28.коло во ПМФЛ, Вардар ја дочекува Воска. Ова е веројатно меч на сезоната за вардарци, меч кој мора по секоја цена, ама баш по секоја цена, да се добие. Посебно ако се знае дека тимот на стратегот Горазд Михаилов е деветти на табелата со 29 бода, а Воска е десетта со бод помалку. А секако дека се сака да се побегне не само од местата кои водат во ВМФЛ туку и од она место, деветтото, кое носи бараж.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Вардар со победа денеска, ќе има предност од +4 бода пред Воска, и некои работи ќе бидат појасни.

Секако дека нема да биде лесно, Воска е во еуфорија. Овој тим на сензационален начин избори пласман во финалето на Купот на Македонија и може лесно да се случи на лето и да игра во Европа, се разбира ако во финалето го победи Тиквеш.

Воска има и три победи во серија над Вардар во меѓусебните мечеви, Воска ја води добриот стратег Срѓан Захариевски и ете таков тим Вардар треба да победи. Затоа велиме дека нема да биде лесно.

Сепак Вардар игра пред својата публика, “Комитите“ знаат што треба да направат како и секогаш, поддршката за Гачевски и останатите мора да дојде, без неа ќе биде многу тешко Воска да падне.

Инаку Воска за Вардар, посебно за “Комитите“, е една од најнеомилените противнички екипи во Македонија, да не кажеме најомразените.

Тоа датира од она време,во минатите две сезони, кога овие две екипи играа во Втора лига кога и почнаа “закачките“, а најмногу од минатата сезона кога Воска директно се пласира во ПМФЛ а Вардар мораше преку бараж да ја решава судбината. Тогаш и тоа како имаше “закачки“ од страна охриѓани.

Дали дојде време за одмазда?

Со пораз Воска ќе се најде во големи проблеми во битката за опстанок.

На крај да кажеме дека кога играат овие две екипи нема реми, нема резултат 0:0. Досега се сретнале седум пати, Вардар победил во три наврати а Воска има четири триумфи со гола разлика 10:10.

ПретходноКако некогаш во Барса: Меси и Бускетс за пресврт и прво место на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноЈокиќ на дуелот со Лејкерси дојде облечен како негативец од култниот цртан филм