Ако до пред некој ден фановите на Вардар не беа задоволни од настапот на своите миленици на послените неколку средби, вчера не беше така. Момците на стратегот Горазд Михаилов просто ја згазија Брегалница среде Штип и победија со 0:3, со што освоија големи три бода во битката за опстанок. Како стојат работите Вардар по се изгледа ќе игра бараж за опстанок, но да се потсетиме каде беше во февруари кога стартуваше пролетниот дел, затоа и ова е успех.
А дека “Комитите“ знаат да ги наградат своите фанови по една убава претстава и победа, се виде вчера кога заедно се радуваат на триумфот и им аплаудираа на играчите на Михаилов.