Чилеанецот Табиљо за еден час успеа да го елиминира Ѓоковиќ

229

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Рим, откако денеска доживеа тежок пораз од 32. Играч на АТП листата, Чилеанецот Алехандро Табиљо.

Најдобриот светски играч низ историјата, рутински беше поразен во два сета за само 67 минути со резултат 6:2, 6:3.

Во осминафиналето на Мастерсот во Рим, јужноамериканецот ќе се сретне со Карен Хачанов, кој со 6:4, 6:2 го совлада Франциско Черундола.

ПретходноИвановски и Поп Арсова победници на „Халк Еко Скопје Трча 10км“
СледноЛука: Повторно го повредив коленото, но ќе се борам со сите сили