Ал Наср сака да го „киднапира“ Алиоски од Ал Ахли, хаос на социјалните мрежи

2179

Дека Џани Алиоски ќе замине на Блискиот Исток и ќе потпише за еден од тамошните клубови веќе е и повеќе од сигурно но сега се појаува дилемата за кој. Ако до вчера веќе беше дефинитивно дека тоа ќе биде тимот на Ал Ахли од Ријад сега веќе тоа и не е така сигурно.

Имено, според тамошните медиуми Алиоки веќе требало да биде промовиран како ново засилување на Ал Ахли, но се било стопирано затоа што наводно нашиот напаѓач побарал повеќе пари и подолгорочен дил од првично договореното. Се шпекулира со сумата од 16.5 милиони риали, што е околу 3.5 милиони евра, и три годишен договор. Наспроти првично договорените 2.5 милиони за две години.

Јавноста во Саудиска Арабија сега шпекулира дека Алиоски има понуда од уште еден клуб, затоа вака се однесувал, а тој клуб наводно е Ал Наср, жесток ривал на Ал Ахли.

Конечно, социјалните мрежи односно навивачите на двата клуба во последните 24 часа буквално се препукуваат меѓу себе со коментари од типот, „Каде ви е Алиоски“ и слично. Како ќе заврши сето ова, и каде ќе игра Алиоски следната сезона ќе се знае во следните 24 часа.

 

ПретходноДејан Илиев официјално се врати во Серед
СледноРуни уште еднаш „фатен на дело“, излегоа во јавност фотографиите од неговата прељуба