Пелистер сонува за пехарот од 2005 година, Вардар оди по рекордна 17-ка, Алкалоид и Тиквеш по сензација!

652

Денеска стартува битката за Куп трофејот во машка и во женска конкуренција. Ракометната федерација на Македонија направи одличен потег и ги спои заедно двете завршници во ова натпреварување со цел дамите да добијат на поголема популизација. Па токму затоа Купот ќе се игра од денеска до недела, со тоа што сабота ќе биде слободен ден за сите финалисти.

Откако Пелистер гласно бунтуваше и не го поздрави потегот на РФМ, мислејќи само за своите приоритети, не и за поголема популузација на женскиот ракомет и благодатетите од истата, дојде до промени во распоредот.

Вардар 1961 и Алкалоид, одлучија да направат отстапка и да му дозволат на Пелистер да игра денеска. На овој голем потег на двата клуба се согласи и Тиквеш противникот на битолчани.

Програмата во СЦ „Борис Трајковски“ почнува со мечот меѓу ЖРК Куманово и Ѓорче Петров (17 часот), додека Пелистер и Тиквеш ќе играат во 19:30 часот.

Веќе утре следат вторите полуфинални битки, во женска конкуренција ќе се сретнат ЖРК Вардар и ЖРК Чаир, додека во машка Вардар 1961 и Алкалоид. Финалињата се играат во недела.

Вардар со убедливи 16 пехари, Пелистер 19 години сонува за Купот, Тиквеш и Алкалоид по историја

Бранител на титулата во машка конкуренција е Вардар 1961, минатата година во финалето го совлада Пелистер и дојде до 16-от пехар во својата историја. Од учесниците пехар во ова натпреварување има Пелистер, последен пат се радуваше во 2005 година. Тиквеш со самиот влез испиша историја, додека пак Алкалоид ќе се бори за финале, што би било уште еден голем чекор за овој млад тим.

Што се однесува до женската конкуренција, бранител е ЖРК Куманово, има три пехари. Во табелата со најмногу пехари е Кометал Ѓ.П, има 16, додека пак ЖРК Вардар е втор со шест.

ПретходноРуни отворено: Во Јунајтед мора да има чистка
СледноРашфорд едвај се врати и повторно направи скандал (ВИДЕО)