На Шкендија и требаше победа над досега непобедливиот Работнички во последното коло за да излезе во Европа. И тоа го направи, тетовци славеа со 0:2 на гостувањето на Арената во Скопје и ова лето ќе играат во Европа. Токму затоа Јетон Беќири е тренер на колото според “СпортСпорт“. Тој не успеа да ја донесе титулата под Шара, но и излезот во Европа секако дека е успех ако се знае дека за конкуренција го имаше тимот на Шкупи.
Се можеше да биде поинаку ако минатиот викенд на свој терен тетовци не ја упропастија златната шанса, со победа над Струга ТЛ, да дојдат до шампинскиот пехар.