Како што знаат добро да играат фудбал и да освојуваат титули, така во Струга Трим Лум знаат и тоа како да прославуваат, да се забавуваат. Па така во неделата вечерта цела Струга беше на нозе, околу 7.000 – 8.000 лица, дојдоа на шампионската журка која се одржа на плоштадот на овој наш убав и шампионски град. За забавата да биде на високо ниво се погрижија познати пејачи, а кулминација на журката беше кога на бината се појавија фудбалерите на Струга ТЛ, кои и оваа сезона покажаа дека се најдобри во Македонија.
Еве, вака се слави титула.