Светскиот и европски шампион на 200 метри пеперутка, Криштоф Милак на фантастичен начин ја освои и олимписката титула во оваа дисциплина. 21-годишниот Унгарец не им даде никаква шанса на своите соперници и се поздрави со златото со нов олимписки рекорд од 1:51.25 минути, подобрувајќи го претходното постигнување на легендарниот Мајкл Фелпс од 1:52.03 минути од Пекинг 2008.
Томору Хонда од Јапонија го обезбеди сребрениот медал (1:53.73 минути), а Федерико Бурдисо од Италија се закити со бронзата (1:54.45 минути).
#swimming Men’s 200m Butterfly Final#HUN Kristof Milak 🥇+ ⏱Olympic Record 1:51.25!!! pic.twitter.com/5EDG7cadta
— FINA (@fina1908) July 28, 2021