Фијаско на јуниорките: Пораз со 66 поени разлика и две четвртини без реализиран поен!

548

На вториот ден од ФИБА Челенџер турнирот во Софија на женските селекции под 18 години, Словенија ја совлада Македонија со 88:22. Со тоа нашите јуниорки го впишаа вториот пораз на овој турнир.

Во првата четвртина нашите јуниорки не постигнаа ни поен. Губеа со 34:0. На полувреме Словенките водеа со 45:13. Во третата четвртина беше 13:9 за Словенките, а во последната нашите јуниорки повторно не постигнаа поен. Го загубија со 30:0, па конечниот резултат гласеше 88:22.

Најефикасна во македонскиот тим беше Марија Димитријевиќ со 7 поени.

ПретходноРоглич донесе уште еден златен медал за Словенија
СледноРига пристигна во скопскиот пекол!