Прва меч топка за МЗТ Скопје: Дали во Битола ќе има реприза на минатогодишното финале?

75

Бранителот на тронот, МЗТ Скопје уште денеска може да стави крај на сите дилеми околу освојувачот на титулата. Тимот од Аеродром води со 2-0 во финалето на плеј-офот против Пелистер и се наоѓа на победа до нов пехар оваа сезона.

Серијата се пресели во Битола, салата „Боро Чурлевски“ се очекува да биде исполнета до последното место, во овој град сонуваат за првата титулата во својата историја. Кошаркарите на Пелистер се уверија дека можат сериозно да му се заканат на МЗТ Скопје, но истовремено научија дека мора да бидат константни, во „сино-белиот“ дрес има специјалисти за вакви мечеви, како браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

Од друга страна во последните две години, МЗТ Скопје токму на теренот во Битола го подигнал шампионскиот пехар, играчите добро знаат каква атмсофера ги чека. Неодамна во салата „Боро Чурлевски“ го освоија Купот на Македонија против битолчани.

Мечот е закажан со почеток во 18:30 часот.

ПретходноАлбанија ни краде уште еден супер-талент
СледноЕспаргаро со пол – позиција за ГН на Каталуња!