Фудбалерите на Струга ТЛ веќе се на одмор, стартот на подготовките е закажан за 5 јуни!

522

Шампионот на Македонија, тимот на Струга ТЛ и ова лето ќе не претставува во фудбалска Европа, а ќе започне со настап во 1.квалификацискио коло во ЛШ.

Веднаш по прославата на втората титула во низа, играчите во понеделникот добија заслужен одмор кој ќе трае се до 5 јуни за кога е закажан стартот на летните подготовки. Тоа се повеќе од две недели одмор кој секако дека добро ќе им дојде на играчите на шампионот пред настапите на евро – сцената.

Што се однесува до прашањето за тоа кој ќе седне на клупата на Струга ТЛ има неколку комбинации и опции, но за дефинирање најверојатно ќе почекаме до следната недела кога ќе официјализира стручниот штаб.

Инаку сружани имаат намера и тоа да се засилат, во опција се неколку имиња со кои се преговара, но за тоа треба прво да се почека со изборот на шеф на струката за да потоа се ангажираат и засилувањата.

ПретходноБаражи: Победа, Борец и Вардарски следната сезона ќе играат во ВМФЛ!
СледноНаковски: Неочекувано лесна победа, Азербејџан е добар тест за Грузија