Вчера среде Битола тимот на МЗТ Скопје го победи Пелистер и со 3:0 во финалната серија дојде до нова титула. Голема беше радоста на сите во шампионскиот табор, но исто така голема беше и тагата зошто за првпат со нив не ја славеше нивниот најголем фан Марјан Михајловски кој неодамна почина.
Токму затоа од таборот на МЗТ Скопје на социјалните мрежи објавија дека оваа титула ми ја посветуваат на Мац.
Браво за МЗТ Скопје, секоја чест, така се уважуваат своите фанови.
“Оваа титула е за тебе Мац! Радувај се и ти со нас таму од каде што знаеме дека вечно ќе ни даваш поддршка и ќе навиваш за својот МЗТ Скопје Аеродром.
ПОЧИВАЈ ВО МИР, МАЈОРЕ!
Напишаа од МЗТ Скопје на своите социјални мрежи.