Капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски и неговиот Порто не успеаја да ја одбранат титулата во португалскиот шампионат, во одлучувачкиот меч од последното коло беа поразени од Спортинг со 35-33.
По четиригодишна доминација, тронот во Португалија доби нов владател, тимот од Лисабон, кој има директно место во Лигата на шампиони.
Митревски на последната средба во дресот на Порто запиша девет одбрани. Следната сезона искусниот репрезентативен голман ќе го гледаме во дресот на Пелистер.
Во последното коло, Филип Талески и неговата Бенфика беа поразени од Брага со 30-27, македонскиот репрезентативец беше стрелец на два гола од четири обиди.