На денешен ден пред 33 години со голот на Дарко Панчев во последниот удар во пенал – серијата, Ц. Звезда во Бари стана европски првак. По тој повод претставници на овој клуб беа во посета кај Дарко во Скопје и му подарија реплика дрес од тој славен меч во Бари.
Секако дека Панчев беше воодушевен од потегот на неговиот некогашен клуб, но и од дресот.
“Кога го облеков овој прекрасен дрес веднаш ми се вратија спомените од тој момент во 1991 година кога ја покоривме Европа. Мило ми е што на овој начин се потсетува на таа наша генерација од 1991. Исто кога го облеков овој дрес добив желба веднаш да истрчам на терен, но сепак годините си го прават своето“ рече покрај другото Панчев а во видетото ќе можете да го видите и слушнете целото интервју на нашата фудбалска икона.