Микел Артета со Арсенал во изминатите две сезони беше многу блиску со пехарот во ПЛ, сепак Сити за малку што се вели беше подобар.
Иако нему договорот со Арсенал му истекува следниот јуни во 2025, раководството на клубот од „Емирејтс“ е задоволен од неговата работа и има намера да го задржи. Па така му нуди нов договор со двојно поголема плата. Досега Артета заработуваше 9 милиони фунти, а сега би требало да има 20 милиони фунти годишна плата, исто како и онаа која Пеп Гвардиола ја зема од Манчестер Сити.