FOTO> Twitter
Соединетите Американски Држави полагаа многу надежи во Сем Кендрикс во дисциплината скок со стап, но за жал светскиот првак од Доха нема да може да настапува поради тоа што е позитивен на коронавирусот – Ковид-19. Освојувачот на бронзениот медал од ОИ во Рио се надеваше на добар настап, посебно по одличните резултати на СП, но ова е сопка за него.
Според зборовите на неговиот татко воедно и тренер, Кендрикс нема симптоми ниту се чувствува болен меѓутоа поради позитивниот тест е изолиран од своите колеги во тимскиот хотел.
„Со жалост информираме дека Сем Кендрикс нема да може да учевствува на Игрите. Тој е позитивен на Ковид-19 и според здравствените протоколи тој е ставен во изолација и одделен од своите колеги“, соопштија од американскиот тим.
Кендрикс имал блиски контакти со две лица кои исто така се ставени во изолација како мерка за превенција.
Кендрикс е американски рекордер во скок со стап, двоен светски шампион (од Доха 2019 и од Лондон 2017). Освои бронзен медал на ОИ во Рио пред четири години, како и златен медал на летната Универзијада во Казањ во 2013 година.